Тимот на Воска претпаднево се пофали со уште едно засилување во името на Вахит Мурати. Се работи за млад 20. годипен фудбалер кој игра на крилната позиција и кој досега беше член на тимот на Кораби.
Претходно има настапувано и за екипата на Ренова, а ја има минато младинската школа на Шкендија.
Со него Воска добива уште една опција плус во нападот, кој секако треба да биде најсилното оружје за да се остварат целите за напролет, а тоа е пласман во ПМФЛ.