Македонската ракометна репрезентација денеска во 14:10 часот со чартер лет заминува за Дебрецен. Предводникот на нашиот најдобар национален тим го одбра списокот за ЕУРО, на него поради коронавирус го нема Никола Митревски, Гоце Ојлески, Марко Кизиќ и Михајло Младеновиќ. Дополнителен повик добија Градимир Чаневски и Благојче Трајковски.
Традиционално, нашите ракометари беа испратени со „вода“ за среќен пат и успешно ЕУРО за кое сите ние Македонците сонуваме во овие ладни јануари денови.