Ракометарите се „чекираа“ во Дебрецен (ФОТО)

882

Македонските ракометари пристигнаа во Дебрецен, градот кој за фановите на овој спорт ќе биде во центарот на вниманието во следните денови. Токму тука „црвено-жолтите“ предводени од Кирил Лазаров ќе се обидат да испишат нова европска бајка.

Нема да биде лесно, не се само во прашање противниците, туку и ситуацијата во коронавирус, кој дефинитивно им прави проблем на сите селекции, а не ја прескокна ниту Македонија. Лазаров нема да смета на првиот голман, Никола Митревски, дополнителни ги повика Чаневски и Трајковски.

Сепак вербата останува на прво место, желбата е една – да се одигра ѓаволски добро како што заслужува националниот дрес.

Македонија првиот меч го игра на 13. јануари против Словенија.

ФОТО: СПОРТМЕДИА

ПретходноКадиз го смени Алваро Сервера
СледноФерати се враќа дома во Чаир