Тимот на Скопје од денеска е посилен на голманската позиција за Боби Целески. Чуварот на мрежата кој во моментов има 24. години е повратник во домашниот шампионат откако мина извесен период во Албанија, во тимот на Теута. Откако беше промовиран Изет Ајрулаху, „Пиратите“ се пофалија што се вели и со Целески кој ќе има задача да му биде конкуренција на досега неприкосновениот во таборот на Скопје, Андреја Ефремов.
Од Автокоманда велат дека зимава очекуваат да се засилат со уште неколку прволигашки играчи, но и со за нив веќе стандардните периодов, двајца интернацоналци од Африка. Што се однесува пак до подготовките планирано е заминување најверојатно во Охрид, а сеуште е во игра и варијантата за Анталија.