По дефанзивецот Киран Трипие, Њукасл кој неодамна доби арапски газди наскоро ќе го добие второто засилување. Според англиските медиуми се е договорено со Барнли за напаѓачот Крис Вуд да дојде на „Сент Џејмс Парк“. „Страчките“ се согласиле да ја активираат клаузулата од договорот на репрезентативецот на Нов Зеланд која изнесува 20 милиони фунти.
30-годишниот напаѓач утре доаѓа во Њукасл на медицински прегледи и ќе потпиша две и пол годишен договор.
Инаку Вуд дојде во Барнли во 2017 година и во 144 премиерлигашки натпревари има 49 гола, а оваа сезона на 17 натпревари постигнал три. Претходно играше за Лидс, Лестер, ВБА, Брајтон, Бирмингем, Милвол…
За репрезентацијата на Нов Зеланд има 27 гола во 60 натпревари.