Арсенал наводно го „забрза“ својот интерес за играчот од средниот ред на ПСЖ, Џорџињо Вајналдум. Засега уште еден англиски тим се споменува во игра за потписот на искусниот Холанѓанец, кој ова лето токму од Англија се пресели во Франција.
Гласините укажуваат на тоа дека Арсенал засилено работи на трансфер пазарот по поразот од Нотингем Форест во ФА Купот. Информациите на британски „Мирор“ велат дека „топчиите“ го забрзаа интересот за играчот од средниот ред на ПСЖ и се подготвени да направат се за да го ангажираат Душан Влаховиќ од Фиорентина за рекордна сума.
Во меѓувреме, Тотенхем , наводно, е подготвен да ги слушне понудите за англискиот репрезентативец Деле Али, кој ори врата за лондончани да се обидат да го купат Вајналдум.