Изет Ајрулаху е нов играч на тимот на Скопје. Досегашниот член на Македонија ЃП во следниот период ќе го носи дресот на тимот од Автокоманда, и со тоа ФК Скопје добива на големо засилување на крилните позиции.
„Пиратите“ како по обичај без многу најава и помпа ги прават трансферите и одеднаш ќе се пофалат со новитет во своите редови. Така бече и овојпат, немаше некакви најави во јавноста дека токму Ајрулаху ќе биде нивен нов член, но тоа и сега не е толку важно.
Во следните денови од Автокоманда најавуваат дека ќе има уште неколку нови имиња и дека тимот на пролет ќе игра уште поважна улога во ПМФЛ.