Се повеќе на актуелниот Австралија Опен, се говори за Ковид, отколку за самите резултати, што самото по себе како информација кажува во каква атмосфера се игра првиот Гренд слем годинава.
Домашниот тенисер Бернард Томиќ денеска го играше својот меч против Роман Сафијулин, и во еден момент, во разговор со судијата и на прашањето далис е чувствува добро, тој одговори…„Сигурен сум дека имам корона, и дека во следнтие ден, два ќе бидам позитивен“…сигурен сум во тоа. Ако сум негативен ќе ве частам вечера во спротивно ми должите оброк“ – мус е обрати Томиќ на главниот арбитар.
По мечот, тој детално објасни како се прават тестовите против Ковид на турнирот.
„Неверојатно е што играчите се пушаат на терен без ПЦР тест. Само се прави брз тест во хотелската соба и тоа е се“ – рече Томиќ.