Голманот на Брегот на Слоновата Коска Силван Гбохуо нема да може да игра на Купот на африканските нации затоа што е суспендиран од ФИФА за допинг. Денеска Светската фудбалска куќа испрати документ до ФС на БС Коска во која му се забранува на голманот да игра натпревари на одредено време со што тој сигурно ќе го пропушти првиот меч од турнирот против Екваторијална Гвинеја кој се игра утре.
33-годишниот голман требаше да биде прв избор на репрезентацијата, но сега нема да може да игра. Селекторот Патрис Бемел посочи дека Гбохуо бил тестиран на 26 декември и бил позитивен на триметазидин, препарат за срце кој Светската антидопинг агенција го смета за стимулант.
Гбохуо играше за Севе од БС Коска, Мазембе од Конго, а сега е во Волките Сити од Етиопија, а за БС Коска има 56 настапи и беше дел од националниот тим кој стана африкански шампион во 2015 година.