Врањеш одбра за Македонија, Црна Гора без еден од најдобрите тргна кон Дебрецен

657

Уште два дена остануваат до стартот на Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Патниците на земјите учесници за жал ги одредува Ковид-19. Ниту Македонија не ја избегна овој проблем, додека го чекаме конечниот список, кој ќе зависи од денешните тестирања за коронавирус, дел од противниците ги одредија списокот.

Меѓу нив се Словенија и Црна Гора. Селекторот, Љубомир Врањеш засега нема проблем со Ковид-19, додека пак вторите пак тргнаа без предводникот, Зоран Рогановиќ, како и еден од најдобрите ракометари, Милош Божовиќ, кој е позитивен на Ковид-19. За Дебрецен не тргна ниту пивотот Небојша Симовиќ и Миле Мијушковиќ.

Врањеш пак одбра 19 ракометари, ги нема голманот Урбан Лесјак поради позитивен тест на коронавирус и средниот бек Рок Овничек поради повреда на рамото.

Список Словенија ЕП 2022:

Голмани: Пантар, Кастелиц, Бажник

Леви крила: Соколич, Кодрин

Десни крила: Јанц, Маргуч

Пикери: Благотиншек, Сухолежник, Потеко

Леви бекови: Мачковшек, Левц, Хенигман

Средни бекови: Скубе, Зарабец, Макуц

Десни бекови: Грошељ, Доленец, Цехте

ПретходноКолумна на Пиневиќ од Спортске новости: Лазаров гради, Македонија чека!
СледноАјрулаху нов играч на Скопје