Голманот на Сиера Леоне се расплака од среќа по ремито со шампионот

182

Денеска се одиграа три натпревари на Африканскиот куп на нациите. Во групата Е репрезентацијата на Сиера Леоне која е тотален аутсајдер успеа да извлече реми 0:0 против Алжир, бранителот на тронот.
Сиера Леоне трет пат настапува на Африканскиот куп, а првпат по 26 години.
Чуварот на мрежата Мохамед Камара се расплака откако беше соопштено дека е Играч на мечот. Инаку 22-годишниот голман имаше седум одбрани против Алжирците. Тој игра за Ист Енд Лајонс од Сиера Леоне и ова му е прв меч на едно големо натпреварување.

ПретходноЕ.Пелистер тргна со подготовките, Бабиќ има само една желба
СледноТетекс се засили со Богдановски, Жоглев, Тимевски, Берзати…