Грчкиот ѕвер недоволен, шампионот падна во Шарлот (ВИДЕО)

119

Младата екипа на Шарлот приреди изненадување, го совлада актуелниот првак во НБА-лигата.

Јанис Адетокунбо продолжува да воодушевува со своите блескави игри, тој одново е во конкренција за признанието МВП, но неговиот Милвоки не ги постигнува очекуваните резултати. Тие го доживеаја четвртиот пораз во последните пет меча, Шарлот вторпат по ред ги доби дома, овој пат со 103:99.

Моќниот Јанис за 35 минути поминати на теренот даде 26 поени со 13 скока и осум асистенции, додека шутираше сосема солидно од игра – 10/18. Единствен проблем кај двојниот МВП беа тројките каде „застана“ на само 1/5.

Само Крис Мидлтон беше на ниво на задачата, со 27 постигнати поени, со седум скока и 11 асистенции, додека останатите покажаа дека се во крајно дискутабилна форма. На другата страна пак блескаше Тери Розиер со 27 поени со седум скока и четири асистенции.

Резултати во НБА:

Шарлот – Милвоки 103: 99
Детроит – Јута 126:116
Бостон – Индијана 101:98
Њујорк – Сан Антонио 111: 96
Хјустон – Филаделфија 99:11
Порталанд – Бруклин 114: 108
Сакраменто – Кливленд 109:108

ПретходноМакедонецот демантира трансфер во Барса: Среќен сум во Рајо!
СледноОфицијално: Клисман Цаке во дресот на Шкендија!