Е.Пелистер тргна со подготовките, Бабиќ има само една желба

98

Е. Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Жељко Бабиќ го одржа првиот тренинг, на кој присуствуваа ракометарите кои не се дел од Европското првенство.

Вицешампионот ќе се подготвува во Битола до 23 јануари, а потоа ќе замине во Хрватска на зимска мини-турнеја.

Контролни натпревари на Еурофарм Пелистер:
24 јануари: Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер
26 јануари: Сесвете – Еурофарм Пелистер
28 јануари: ППД Загреб – Еурофарм Пелистер

„Како и секогаш имате позитивни и негативни работи кога почнуваат зимските подготовки. Среќен сум што нашите играчи играат за своите репрезентации и длабоко сум уверен дека добро ќе се презентираат. Од друга страна како тренер би сакал да сме сите заедно и да можеме да тренираме, бидејќи ни следи напорна втора полусезона, во која треба да ги браниме добрите резултати од есенскиот дел. Ќе мора да ги убрзаме процесите да бидеме спремни за почетокот на февруари и официјалните натпревари.

Ќе се подготвуваме во Битола оваа и следната недела. На 23 јануари патуваме во Загреб, имаме три контролни натпревари против добри екипи како Целје, Сесвете и ППД Загреб. Ќе видиме кои од играчите ќе ни се приклучат од Европското првенство и каква ќе биде ситуацијата со корона-вирусот. Во меѓувреме ќе почне и домашното првенство со домашниот дуел против Охрид. Битно ни е да ни се вратат играчите здрави и ако е воопшто возможно, ковид-19 да нè заобиколи“, рече Бабиќ. 

ПретходноФутсал: Македонија на двомеч со светскиот првак Португалија!
СледноГолманот на Сиера Леоне се расплака од среќа по ремито со шампионот