Калин Ивановски е 17-ти носител на Австралија опен за јуниори!

804

Ако главното прашање во тенискиот свет е дали Новак Ѓоковиќ, иако е прв носител, сепак ќе игра на АО во Мелбурн, тогаш ние и нашата спортска јавност едвај чека да види што ќе направи нашот супер талентиран Калин Ивановски. Кој со 17 години и со последните успеси што ги имаше просто го сврте вниманието кон себе. Покажа дека имаме вистинска тениска сензација.

Инаку Ивановски ќе учествува на главниот турнир на АО за јуниори од 22 до 29 јануари, тој е 17-ти носител на турнирот и секако дека му посакуваме многу среќа и успех во Мелбурн.

Колку за потсетување, Ивановски минатата година играше на Вимблдон за јуниори каде стигна до осминафиналето, а настапи и на УС опен но беше елиминиран во квалификациите.

ПретходноФерати се враќа дома во Чаир
СледноПознати се судиите за дуелот меѓу Македонија и Словенија