Филип Лазаров доби нов договор со Интерактив, поранешен Ратинген. Некогашниот македонски репрезентативец и германскиот тим ја продолжија соработката и за следната сезона.
Лазаров ќе му биде асистент на Аце Јановски, кој е главен тренер на Интеркатив.
„Благодарен сум на клубот што ми овозможи да се надоградувам како тренер и што ќе можам да придонесам со искуство и идеи во иднина. Зедно сигурно можеме да направиме успех“, изјави Лазаров.