Македонецот демантира трансфер во Барса: Среќен сум во Рајо!

809

Столе Димитриевски еден месец се поврзува со трансфер во таборот на Барселона. Шпанските медиуми вчера го најавија и неговото заминување, но се чини дека засега нема ништо од ова.

Откако во јавноста со демант излезе и Рајо Валјекано, тоа го стори и македонскиот репрезентативен голман. Столе исткна дека нема договор со Барселона и дека останува во тимот каде што е среќен.

„Фокусиран сум кон мечевите со Рајо, само тоа ме интересира. Сите сакаме да играме во голем тим, но немам информација за понуда од Барселона. Фокусиран сум и смирен, посветен целосно на работата. Среќен сум во Рајо и сакам да му помогнам на клубот да биде на врвот“, изјави Димитриевски.

Тој поради повреда, поточна болка во мускулот не се најде во составот на Рајо што пак беше причина дополнително да ги загрее шпекулациите за трансферот во Барселона.

ПретходноЈуве се премисли: Сега не сака да го продаде Кулушевски
СледноГрчкиот ѕвер недоволен, шампионот падна во Шарлот (ВИДЕО)