Од Дебрецен, Марија Ковачева
Никола Митревски, првиот голман на македонската ракометна репрезентација за жал нема да биде на располагање на селекторот, Кирил Лазаров за првите два меча на Европското првенство, прашање е дали ќе може да помогне и против Данска.
Лазаров одлучи да повика двајца голмани, Градимир Чаневски и Благочје Трајковски.
Правилото на ЕХФ е јасно. Позитивниот ракометар или член на стручен штаб мора да биде во изолација пет дена, а потоа да добие два негативни теста за да може да учествува на ЕП.
Ова значи дека изолацијата на Митревски и на остантите им завршува на 15. јануари, па во завиност од тестовите ќе се знае дали ќе му биде на располагање на Лазаров. Последната средба од групната фаза ја играме на 17. јануари против Данска.
Македонија денеска ќе пристигне во Дебрецен, градот домаќин на нашата група А. За пласман во следната рунда ќе мора да завршиме на едно од првите две места.