Омерагиќ за уште посилен напад на Шкупи

777

Азер Омерагиќ е најновото засилување на актуелниот есенски шампион во ПМФЛ, екипата на Шкупи. Екс младинецот на Вардар, и членот на Сплитски Хајдук односно Борец успешно се опорави од повредата на вкрстените лигаменти, и по пауза од неколку месеци прави кам бек на зелените терени и тоа во дресот на тимот од Чаир.

Омерагиќ веќе е дел од тренинзите на Шкупи, но Чаирчани успешно „го криеја“ својот нов напаѓач од јавноста се до денеска кога младиот напаѓач и официјално е промовиран.

„Секако дека е огромна чест и задоволство да се носи дресот на тим како Шкупи, кој има голема историја и многу трофеји зад себе. Ќе дадам се од себе за да ги исполнам очекувањата, да ја оправдам довербата и да помогнам овој тим да ги оствари своите цели. Секако и да ги израдуваме многубројните навивачи“ – изјави Азер Омерагиќ на неговата денешна промоција. 

Се работи за млад и перспективен играч кој имаше екстра младинска кариера во Вардар, каде многу често беше најдобар стрелец, а потоа извесен период мина и во Хајдук каде што играше за вториот тим. Следуваше кам бек во домашниот шампионат, и потпис за тимот на Борец, каде што му се случи и пехот, повредата на лигаментите. Сега се е тоа зад младиот Омерагиќ, кој е потолно спремен да биде жестока конкуренција на напаѓачите на Шкупи, кои одлично си ја завршија задачата во есенскиот дел. Шкупи секако e  најјефикасниот тим во ПМФЛ со 43 постигнати, а сега тренерот Гоце Седлоски има уште една опција плус во тој сегмент.

 

ПретходноАрис го испрати Али Адем на позајмица во Вериа!
СледноФутсал: Македонија на двомеч со светскиот првак Португалија!