Од денеска Струга Трим Лум има нов напаѓач, а тоа е Па Омар Џобе, напаѓач од Гамбија кој во струшкиот прволигаш ќе игра како позајмен играч на Шкендија.
Имено Гамбиецот е пратен во Струга како дел од трансферот на Клисман Цаке кој вчера беше претставен како нов член на Шкендија. Па така тетовци го ангажираа Џобе и веднаш го пратија во Струга кој веќе го одржа и првиот тренинг со својот нов тим.
Па Омар Џобе има 23 години, роден е во Гамбија а последен клуб му бил Шеикл Џамал од Бангладеш.