Новак Ѓоковиќ и натаму е во центарот на вниманието. Откако српскиот тенисер ја истера правдата пред судот во Викторија и беше ослободен, денеска стигнаа нови инфомрации поврзани со него. Настапот на Австралија опен сепак е под знак прашалник.
Медиумите пишуваат дека министерот за имиграција, Алекс Хок, денеска нема да донесе одлука околу неговата виза.
Федералната Влада нов адут за укинување на визата пронашла во патната декларација на Австралија, документ кој мора да биде пополнет пред да се пристигне во оваа земја.
Ѓоковиќ навел дека не патувал во друга земја, 14 дена пред да дојде во Австралија, но има сомневање дека лажел, на 25. декември бил во Србија, а додека на вториот ден од Новата година во Шпанија.
Сето ова може да се искористи против него и на крајот да остане без визата.