Македонската ракометна репрезентација на првиот меч од Европското првенство ќе ги одмери силите со Словенија, дуел кој се игра на 13. јануари во Арената „Феникс“ во Дебрецен.
На два дена пред оваа средба познати се официјалните лица. Правдата на теренот ќе ја делат судии од Австрија, Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ. Данска и Црна Црна , втората средба од нашата група А ќе ја судат Романците, Бодан Старк и Ромео Стефан.
Најдобрата македонска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов најверојатно ќе ги видиме во второто коло на ЕУРО.