Ракометарите ќе прават нови тестови, па Лазаров ќе го соопшти списокот

584

Од Дебрецен, Марија Ковачева

Кирил Лазаров пред своето деби како селектор на македонската ракометна репрезентација на едно големо натпреварување се соочува со големи проблеми. На последното задолжително тестирање од ЕХФ, дури петмина членови на националниот тим беа позитивни на Ковид-19. Засега не се објавуваат нивните имиња, дополнителни информации од РФМ ќе соопштат во текот на денешниот ден.

Ова дополнително ја отежнува ситуацијата, па списокот на ракометари кои ќе патуваат за Дебрецен, Лазаров ќе го објави пред самото заминување. Утринава се напревени нови тестирња, од нашиот табор морат да бидат внимателни, во време на пандемија не смее да се ризикува.

Македонија во Унгарија заминува во 14:10 часот со чартер лет. Според правилата на ЕХФ, позитивните ракометари нема да можат да помогнат и за втората средба против Црна Гора закажана за 15. јануари. Мора да се помине петдневната изолација, а потоа и да се покажат два негативни тестови.

На отварањето на ЕУРО 2022, Македонија ќе ги одмери силите со Словенија.

ПретходноОфицијално: Клисман Цаке во дресот на Шкендија!
СледноШок во Турција: Фудбалер на Коњаспор загина во собраќајна несреќа