Мохамед Салах е убедливо најдобриот играч на Ливерпул во моментов, и секако еден од топ трите во Премиер лигата. Неговиот учинок сезонава е импресивен, на 26 меча постигна 23 гола, а додаде и девет асистенции.
Како таков, секако дека може да бира ама апсолутно каде сака да игра, во било кој клуб, но тој според неговата последна изјава не сака да го менува Ливерпул туку сака да остане верен на тимот од „Енфилд“.
„Имав средба со челните луѓе и тие ја знаат мојата желба да останам тука. Не барав никакви екстра нешта во мојот нов договор“ – изјави Салах.
Неговиот актуелен пак дил со тимот истекнува летото 2023 година, и уште од сега секако на големо се шпекулира околу иднината на репрезентативецот на Египет.