Саутемптон го растури Брентфорд, Каљари со пресврт до победа над Болоња

104

FOTO>Twitter/Southampton

Екипата на Саутемптон со 4:1 го совлада Брентфорд во 18. коло на англиската Премиер лига. Во првото полувреме беше 2:1 за домашниот тим. Беднарек и автогол на Фернандез донесоа водство на Саутемптон, додека за гостите стрелаше Јанелт.

Во вториот дел Броха и Адамс ги поставија конечните 4:1 што е петта победа на Саутемптон сезонава, додека Брентфорд го запиша деветтиот пораз.

Во италијанската Серија А се одигра еден меч. Каљари со 2:1 ја совлада Болоња на домашен терен. Болоња поведе во 54. минута со гол на Орсолини, но Каљари направи пресврт – прво изедначи Паволети, а во 94 минута погоди Переиро за вредни три бода на тимот од Сардинија во борбата за опстанок.

ПретходноКутињо: Го обожавам Џерард, се надевам на успешна полусезона во Астон Вила
СледноБС Коска остана без првиот голман поради суспензија од ФИФА