Тетекс се засили со Богдановски, Жоглев, Тимевски, Берзати…

695

Од вчера и екипата на Тетекс, член на ВМФЛ – ЗАПАД е во „погон“. Стратегот Славчо Георгиевски заедно со својот помошник Дејан Цветковски означија старт на зимските подготовки. Допрва ќе се знае каде и како ќе се одвиваат подготовките, а во меѓувреме „штофарите“ засега се засилија со четири нови имиња.

Тоа се Стефан Богдановски кој дојде од Кадино, Владимир Жоглев од Беса, голманот Бојан Тимевски кој се врати во Тетекс откако беше во Локомотива Градско и Дашмир Берзати од Македонија ЃП, инаку некогашен член на младинската школа на Шкендија.

ПретходноГолманот на Сиера Леоне се расплака од среќа по ремито со шампионот
Следно„Голема чест за Македонија е да биде домаќин на ЕП 2022, ќе бидете добредојдени во ноември во Скопје“