Утринава фудбалскиот свет го потресе информацијата за загинувањето на 27. годишниот фудбалер на Турски Коњаспор Ахет Чалик. Тој загина во сообраќајна несреќа на автопатот близу Анткара. Неговиот автомобил Мерцедес се излетал од автопатот се превртел неколкупати, а Чалик загинал на лице место. Лекарските екипи стигнале многу бргу на местото на несреќата, но не можеле да му го спасат животот на Чалик.
Како што јавуваат Турските медиуми увидот сеуште е во тек, а медиумите веќе објавија и снимка од сигурносни камери.