ТФТ триумфално против Ибар во БИБЛ

112

Македонскиот прволигаш ТФТ Скопје им се врати на победите во БИБЛ лигата и новата година во ова натпреварување ја почна со триумф над црногорскиот Ибар. ТФТ претходно забележа два порази во групата Б, но вечерва се оправда и му врати на црногорскиот тим за поразот пред еден месец. ТФТ славеше со 87:83 што е четврта победа во групата.

Американецот Хортон беше најефикасен кај ТФТ со 35 поени, а покрај него добра партија пружија Џермејн Бишоп со 13 поени, а Маслинко постигна девет поени.

Претходно„Голема чест за Македонија е да биде домаќин на ЕП 2022, ќе бидете добредојдени во ноември во Скопје“
СледноИхеначо донесе победа за Нигерија против Салах и другарите од Египет (видео)