Раководството на есенскиот првак, тимот на Шкупи, денеска објави дека ја продолжува традицијата кога станува збор давање шанса на своите млади и талентирани фудбалери кои потекнуваат од школата на чарчани. Имено потпишан е тригодишен договор со 16-годишниот Омер Сулејман, а потоа следуваше и промоцијата.
“Ми се оствари сонот конечно да станам дел од првиот тим на Шкупи. Јас сум доста млад и за мене е чест да учам од тренер како што е Гоце Седлоски“ не ја криеше својата радост младиот фудбалер на чаирчани.