Јуве се премисли: Сега не сака да го продаде Кулушевски

283

Плановите на Јувентус за зимскиот преоден рок се сменија поради повреда на  играчот од средниот ред Федерико Киеза. Според „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Скај Спорт“, клубот сега ќе ги одбие понудите за трансфер на Дејан Кулушевски, бидејќи тој би можел да го замени повредениот Италијанец.

Исто така, Торинци сакаат да ангажираат уште еден напаѓач оваа зима. Забележано е дека во следниот преоден рок, поради буџетските ограничувања, Јуве ќе може да потпишува само слободни агенти или да зема играчи на позајмица со опција за откуп.

ПретходноМиља со два гола за триумф на Елче кај Еспањол
СледноМакедонецот демантира трансфер во Барса: Среќен сум во Рајо!