Ајрулаху нов играч на Скопје

387

Изет Ајрулаху е нов играч на тимот на Скопје. Досегашниот член на Македонија ЃП во следниот период ќе го носи дресот на тимот од Автокоманда, и со тоа ФК Скопје добива на големо засилување на крилните позиции.

„Пиратите“ како по обичај без многу најава и помпа ги прават трансферите и одеднаш ќе се пофалат со новитет во своите редови. Така бече и овојпат, немаше некакви најави во јавноста дека токму Ајрулаху ќе биде нивен нов член, но тоа и сега не е толку важно.

Во следните денови од Автокоманда најавуваат дека ќе има уште неколку нови имиња и дека тимот на пролет ќе игра уште поважна улога во ПМФЛ.

ПретходноВрањеш одбра за Македонија, Црна Гора без еден од најдобрите тргна кон Дебрецен
СледноМакедонија без Митревски на ЕУРО, Лазаров повика двајца нови голмани!