„Голема чест за Македонија е да биде домаќин на ЕП 2022, ќе бидете добредојдени во ноември во Скопје“

360

Денеска во Љубљана за прв пат во присуство на претседателот на ЕХФ Михаел Видерер се состанаа и претставниците на трите ракометни федерации што ќе го организираат следното Европско сениорско првенство во женска конкуренција. Тоа се Македонија, Словенија и Црна Гора. Шампионатот ќе се одржи од 4 до 20 ноември. На денешната промоција на првенството говореа претставниците на федерациите.

Претставник на нашата ракометна федерација беше член на Управниот Одбор Александар Стефанов.

„Голема чест за Македонија е што ќе бидеме домаќини на еден ваков голем настан,затоа што ракометот е спорт број еден во нашата држава. Ова ќе биде втор пат кај нас да се одржува Европско сениорско првенство. Со нетрпение го очекуваме овој предизвик – Ќе бидете добредојдени во ноември во Скопје, изјави Стефанов.

Престедателот на Европската ракометна федерација, Михаел Видерер изрази задоволство што шампионатот ќе се игра во овие три држави:

„Македонија беше домаќин на ЕП во 2008, Словенија организираше машко европско првенство во 2004, а Црна Гора има долга традиција во женскиот ракомет. Сите три држави се покажале како гостопримливи и одлични организатори. Затоа со нетрпение го очекуваме ова првенство“, изјави Видерер.

Претседателот на Ракометната федерација на Црна Гора, Петар Каписода изјави дека е сигурен дека Црна Гора ќе биде одличен организатор на шампионатот и се заблагодари за укажаната доверба.

Фрањо Бобинац (претседател на Ракометна Федерација на Словенија и почесен претседател на Организацискиот комитет на ЕП 2022).

„Среќни сме што имаме фантастичен тим од истакнати, познати и креативни дами, кои ја потврдуваат својата креативност и знаење секој ден и оставаат свој печат за создавање на подобар свет за сите нас. Благодарност до ЕХФ за укажаната доверба на трите држави“.

ПретходноТетекс се засили со Богдановски, Жоглев, Тимевски, Берзати…
СледноТФТ триумфално против Ибар во БИБЛ