Кадиз го смени Алваро Сервера

108

Поради очајно лошите резултати сезонава, и катасторофалната претпоследна позиција на табелата во Примера, денеска тимот на Кадиз, одлучи да го смени досегашниот тренер Алваро Сервера.

Сервера пристигна на чело на овој клуб, во 2016 година и е најзаслужен секако за пласманот во Примера во 2020 година.

Сепак, лошата серија резултат ја натера управата на клубот на ваков потег, а најсериозен кандидат за наследник на Сервера се споменува според Марка некогашниот кормилар на екипите на Ваљадолид односно Еспањол, Серхио Гонзалез.

Copyright: xJoaquinxCorcherox
ПретходноБернард Томиќ: Играм меч, а сум заразен од корона….
СледноРакометарите се „чекираа“ во Дебрецен (ФОТО)