Македонија без Митревски на ЕУРО, Лазаров повика двајца нови голмани!

2147

Од Дебрецен, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација за жал влезе во групата на оние репрезентации кои се соочува со Ковид проблеми на само два дена пред стартот на Европското првенство.

На вчерашното последно тестирање петмина членови имаа позитивни тестови. Меѓу нив според списокот што го обави Кирил Лазаров, се Никола Митревски, Марко Кизиќ, Гоце Ојлески и Михајло Младеновиќ.

Овие четворица ракометари нема да бидат на располагање за првите две средби, прашање е дали некој од нив ќе може да игра и против Данска.

Дополнителен повик доби Градимир Чаневски, голманот на Бутел Скопје, како и Благојче Трајковски од Е.Пелистер 2, кои заедно со Мартин Томовски ќе бидат задолжени за нашата мрежа.

Македонската репрезентација за Дебрецен патува во 14:10 часот со чартер лет, првиот меч на ЕП го игра на 13. јануари против Словенија. Два дена подоцна ќе ги одмери силите со Црна Гора, групната фаза ја затвара со Данска.

СПИСОК МАКЕДОНИЈА
Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
Леви бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти: Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила: Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Селектор Кирил Лазаров

ПретходноАјрулаху нов играч на Скопје
СледноМитревски во трка со времето, мали се шансите да дојде во Дебрецен