Мурати нов играч на Воска

697

Тимот на Воска претпаднево се пофали со уште едно засилување во името на Вахит Мурати. Се работи за млад 20. годипен фудбалер кој игра на крилната позиција и кој досега беше член на тимот на Кораби.

Претходно има настапувано и за екипата на Ренова, а ја има минато младинската школа на Шкендија.

Со него Воска добива уште една опција плус во нападот, кој секако треба да биде најсилното оружје за да се остварат целите за напролет, а тоа е пласман во ПМФЛ.

 

ПретходноТурците објавија снимка од сообраќајката на Ахет Чалик (ВИДЕО)
СледноСалах: Сакам да останам во Ливерпул, и не барам ништо екстра во новиот договор