Официјално: Клисман Цаке во дресот на Шкендија!

532

Она што „Спортмедиа“ го најави вчера попладне, доцна синоќа и се случи. Клисман Цаке, досегашниот стопер на Струга ТЛ и официјално е ново име во редовите на Шкендија. Шампионот ќе плати отштета а дефанзивецот од Албанија ќе го носи дресот на шампионот во наредните 3,5 години.Рано изутринава беше и официјално промовиран од својот нов клуб.

Многу сум задоволен од тоа што сум дел од Шкендија. Тука во Македонија сум 2,5 години и сум играл во повеќе наврати против Шкендија, затоа многу добро знам каде дојдов. На навивачите, на сите во клубот им ветувам дека ќе го дадам својот максимум со цел во иднина да славиме многу титулу“ изјави Цаке на промоцијата.

Ферхан Хасани, Михаил Маневски, Андре Менсалао и сега Клисман Цаке, засега тоа се зимските засилувања во редовите на шампионот.

ПретходноГрчкиот ѕвер недоволен, шампионот падна во Шарлот (ВИДЕО)
СледноРакометарите ќе прават нови тестови, па Лазаров ќе го соопшти списокот