Македонските ракометари пристигнаа во Дебрецен, градот кој за фановите на овој спорт ќе биде во центарот на вниманието во следните денови. Токму тука „црвено-жолтите“ предводени од Кирил Лазаров ќе се обидат да испишат нова европска бајка.
Нема да биде лесно, не се само во прашање противниците, туку и ситуацијата во коронавирус, кој дефинитивно им прави проблем на сите селекции, а не ја прескокна ниту Македонија. Лазаров нема да смета на првиот голман, Никола Митревски, дополнителни ги повика Чаневски и Трајковски.
Сепак вербата останува на прво место, желбата е една – да се одигра ѓаволски добро како што заслужува националниот дрес.
Македонија првиот меч го игра на 13. јануари против Словенија.
ФОТО: СПОРТМЕДИА