Футсал: Македонија на двомеч со светскиот првак Португалија!

191

Македонската футсал репрезентација на 13. јануари и 14. јануари во Лисабон ќе одигра два контролни натпревари против футсал селекцијата на Португалија.

Нашата селекција доби покана за двомечот против светскиот првак Португалија, селекција која се подготвува за настап на Европското првенство во Холандија кое започнува на 19. јануари.

Македонија денеска отпатува за Лисабон. Двата натпревари ќе се одиграат во спортскиот центар на Португалската фудбалска федерација.

Во тимот на Македонија се вклучени следните играчи: Антонио Петровски, Иван Стојановски, Зоран Левески, Игор Леовски, Дарко Ранготов, Јакуп Рамадан, Мартин Тодоровски, Таулант Исмаил, Иван Крстевски, Еркан Сефери, Драган Петровиќ, Реџеп Сулејман, Ферид Агуши, Ѓокица Џо Арсовски;

Нашиот репрезентативец, Драган Петровиќ ќе го запише 100 настап во дресот на најдобрата македонска футсал селекција. Првиот меч ќе се одигра на 13. јануари со почеток во 09.00 часот, ден подоцна натпреварот е закажан во 18:45 часот.

ПретходноОмерагиќ за уште посилен напад на Шкупи
СледноЕ.Пелистер тргна со подготовките, Бабиќ има само една желба