Астон Вила договори уште еден играч – Лука Дињ за 25 милиони фунти

180

По Филипе Кутињо, Астон Вила успеа да се договори со Евертон за трансфер на левиот бек Лукас Дињ за сума од 25 милиони фунти. Се работи за француски интернационалец кој претходно беше цел и на Њукасл, но тој не сакаше да оди на „Сент Џејмс Парк“ па се отвори можност да се пресели на „Вила парк“ и тоа го направи.

Вила гради интересен тим, го ангажира Стивен Џерард за тренер, го донесе Филипе Кутињо од Барселона, сега и Дињ кој ќе ја засили левата бековска позиција.

Овој фудбалер е од школата на Лил, а играше за ПСЖ, за Рома и за Барселона пред да отиде во Евертон во 2018 година за 18 милиони фунти.

Претходно„Проектил“ на Градел за победа на БС Коска против Екваторијална Гвинеја (видео)
СледноРеал во супер меч ја елиминира Барса и влезе во финалето на Суперкупот (видео)