Големо засилување: Томе Китановски пред промоција во Струга ТЛ!

588

Томе Китановски, искусниот десен офанзивен бек е најновото зимско засилување во редовите на Струга ТЛ. Како што дознава „Спортмедиа“, Китановски и раководството на Струга ТЛ веќе се договориле, тој е во градот Струга, па така остануваат само некои ситни детали да се договорат и да се оди на промоција.

Се разбира дека Китановски и тоа како ќе биде засилување за тимот на Срѓан Захариевски. Станува збор за 29-годишен фудбалер кој има и интернационална кариера. Последен клуб му беше Шкупи.

ПретходноСреќа што Црногорците што не се во ист хотел со Македонија, имаат нови позитивни на Ковид-19
СледноДобри вести од Дебрецен – сите тестови се негативни!