Силекс денеска ги “запали моторите“, главната фаза во Анталија!

1125

Есенскиот првак во ВМФЛ – ЗАПАД, тимот на Силекс од денеска е во “погон“. Стратегот Горазд Михаилов означи старт на подготовките, прво со прозивката а потоа и со првиот одработен тренинг.

Што се однесува со планот на подготовките, тој одамна е познат. До 26 јануари ќе се работи во Кратово, за да потоа од 27 јануари до 9 февруари се престојува во Анталија каде ќе се одиграат пет пријателски мечеви.

Спаринг – партнери за кратовци ќе бидат Металац (Србија), Торпедо Москва (Русија), Монтана (Бугарија), Мариупул (Украина) и Рапид Виена (Австрија).

ПретходноРисто Магдинчев – стручен коментар: Штета за Митревски, на Лазаров ќе му биде многу тешко!
СледноСтруга Трим Лум го промовираше Китановски!