Со Италија би можеле да играме на неутрален терен!?

533

Шпекулација или не? Имено денеска во дел од медиумите во Италија се говори дека мечот од полуфиналето во плеј – офот за пласман на СП во Катар, меѓу Италија и Македонија би можело да се игра на неутрален терен. Сепак оваа информација која се лиферува не треба да се земе здраво за готово, зошто таму се кажува дека играме на 26 март, а всушност овој меч се игра на 24 март. Тоа е како прво.

Како второ се вели дека ова може да биде и тоа само поради вакцините „Спутник“, а кои не се признаени од Европската Унија, а со кои во најголем дел нашите фудбалери се вакцинирани.

Па така репрезентацијата на Македонија не ќе може ниту да влезе на тлото на Италија. Такви се информациите, но како то рековме, ова повеќе наликува на шпекулација отколку вест која нас и тоа како би не израдувала.

ПретходноПромоција: Патрик Менса ново име во Шкупи!
СледноИ Вардар тргна со подготовките!