Шпански Суперкуп: Барса-Реал во борба за влез во финале

213

Денес и утре ќе се одиграат полуфиналните натпревари од шпанскиот Суперкуп. За трофејот „трчаат“ Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао, Барселона и Реал Мадрид. Натпреварите се играат во Ријад, Саудиска Арабија.

Ждрепката одлучи во полуфиналето да се соочат Барселона и Реал Мадрид, додека ден подоцна ќе играат Атлетико и Атлетик. Финалето е на 16 јануари.

Атлетик е бранител на трофејот кој лани го освои по победата над Барселона во финалето.

Суперкупот вечерва (од 20 часот по средноевропско време) го отвараат Барселона и Реал Мадрид. „Каталонците“ ќе бидат посилни за новото засилување Феран Торес кој доби дозвола за деби за новиот клуб. Педри има негативен тест на коронавирус и се враќа во екипата.

Барса новата година ја почна со победа во Мајорка со 1:0, потоа победа со 2:1 над Линарес во Купот, а пред неколку дена играше со Гранада и беше пред победа но прими гол во 89. минута и освои само бод.

Реал тргна со пораз од Хетафе, но потоа го победи Алкојано во Купот и Валенсија (4:1) во првенството. Винисиус и Бензема се во одлична форма и тоа е најсилното оружје на кралскиот клуб кој воедно е лидер во шампионатот. Двајцата заедно постигнаа 29 голови во Ла Лига и имаа 17 асистенции (Бензема 17 и Винисиус 12).

Во октомври Реал ја совлада Барселона на „Ноу Камп“ со 2:1.

РАСПОРЕД
СИТЕ НАТПРЕВАРИ СЕ ИГРААТ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ СТАДИОН ВО РИЈАД

12 ЈАНУАРИ
БАРСЕЛОНА – РЕАЛ МАДРИД           20:00 ч.
13 ЈАНУАРИ
АТЛЕТИКО М.  – АТЛЕТИК Б.   20:00 ч.

16 ЈАНУАРИ
ФИНАЛЕ

ПретходноСекој ракометар е сам во соба: Немаме проблем како во другите во Сегедин, никој не се рашетува низ хотелот
СледноТомче Гроздановски се враќа во Злате Моравце