Македонскиот интернационалец и репрезентативец Аријан Адеми е на списокот на играчи кои се во изборот на за најдобар фудбалер во Хрватска во последните педесет години. Во изборот на престижниот „Вечерњи лист“ Адеми е вметнат во оваа конкуренција, не затоа што е Хрватски репрезенативец како и сите останати, туку затоа што едноставно оставил доволно голем впечаток во дресот на Динамо за да не може да биде изоставен.
Како што е добро познато, Аријан Адеми своевремено беше сметан за еден од најголемите таленти на Хрватскиот фудбал, ги мина сите младински селекции на оваа земја, играше на Европски и Светски младински шампионати, а одигра и три неофицијални натпревари за А репрезентацијата.
Потоа дојде повикот од Македонија, кој Адеми на наша среќа го прифати, и заигра за нашиот национален тим.