Андреј Лазаров повеќе не е дел од тимот на Работнички. Играчот за врска зимава си заминува од Дебар маало, и на пролет дефинитивно ќе има нов клуб. Иако имаше актуелен договор истиот е раскина и Лазаров сега е слободен фудбалер.
Тој досега беше член на екипите на Металург, Работнички, Македонија ЃП, како и на Тиквеш, и има неколку настапи за младинските репрезентации на Македонија.