ПОлскиот гигант Висла Краков си даде задача зимава во своите редови да го доведе Македонскиот интернационалец Енис Фазлагиќ. Сега веќе екс капитенот на репрезентацијата до 21. година веќе неколку сезони со успех настапува за тимот на Жилина, но очигледно дека е време да го направи големиот трансфер.
Жилина бара милион евра
Секако дека играчот за врска, кој има актуелен договор со тимот на Жилина не чини малку на фудбалскиот пазар. Според информациите на Спортмедиа, Словачкиот тим во моментов бара еден милион евра за Фазлагиќ, што секако е сериозна сума.
Во моментов тимот на Висла е на 13 позиција на табелата но реално, не е за таму, па очигледно дека со Фазлагиќ сака да го реконструира средниот ред и да тргне нагоре.
Конечно, според нашите инфрормации, Фазлагиќ е директна желба на тренерот на Виска, Словакот Адриан Гула кој добро го познава нашиот интернационалец.
Старта Прага и клубови од Турција чекаат во ред
Освен Виска Краков, тимот кој во моментов е најсериозен кандидат за следна дестинација на Фазлагиќ, дознаваме дека и Спарта Прага односно клубови од Турската Супер лига имаат подготвено понуди за играчот за врска.