Дебрецен е градот домаќин на групата А во која се наоѓа и македонската ракометна репрезентација. Сите противници на Кирил Лазаров и неговите избраници веќе се чекираа во вториот по големина унгарски град.
Она што е доста интересно што сите четири репрезентации се сместени во ист хотел, па навистина е вистинска „врвулица“, борба за термини, како за видео-анализи, термини за оброци и слично… Но, со оглед дека овој хотел е најдобар во Дебрецен, јасно е зошто сите репрезентации се сместени тука.
„Црвено-жолтите“ под раководство на сегашната гарнитура на РФМ, секогаш ги имала најдобрите услови, во овие подготовките ракометарите имаа и нутрицист кој се грижеше за нивната исхрана. Ова е само еден дел од низата на благодатите кои ги ужуваат репрезентативците.
Денеска ќе имаат шанса да тренираат во Арената „Феникс“, но претходно ќе биде одржан и медија-колот. За разлика од претходните големи натпреварувања кога сето тоа се правеше во сала, сега ќе биде на интернет, мерките во време на пандемија коронавирус се строги, речиси сите репрезентации го практикуваат овој начин на функционирање.
До стартот на ЕП останува уште еден ден, Македонија утре во 18 часот силите ќе го одмери со Словенија.