Глигор Дончев нов лев бек на Тиквеш

1083

Досегашниот играч на второлигашот Охрид, и некогашен првотимец на Академија Пандец, Глигор Дончев е нов член на тимот на Тиквеш.

Левиот бек пристигнува во Кавадарци и ја засилува левата бековска позиција, со што управата на клубот пополнува уште едно место во ростерот.

Пристигнува и Николај Христов

Покрај Дончев, во Кавадарци зимава пристигнува и првото интернационлано засилување. Бугаринот Никлај Христов, кој на нашата јавност и е познат по настапите во тимот на Брегалница, одново ќе соработува со тренерот Влатко Костов со кого соработуваше и во Штип.

 

ПретходноАдеми во изборот на најдобар фудбалер во Хрватска во последните 50 години
СледноКаков хаос во Африка: Тунис – Мали 0:1, судијата означи крај во 89.минута без “екстра – тајм“!