Екипата на Интер е освојувач на италијанскиот Суперкуп откако вечерва на „Сан Сиро“ во финалето го совлада Јувентус со 2:1 со гол во последните моменти од продолженијата. Во регуларниот дел мечот заврши без победник 1:1, а двата гола паднаа во првото полувреме. Прво Вестон Мекени во 25. минута го доведе Јувентус во водство, а десет минути подоцна изедначи Лаутаро Мартинез од пенал откако претходно Де Шиљо собори противнички играч во казнениот простор.
И двете екипи имаа шанси да постигнат уште некој гол но мрежите мируваа. На стартот на вториот дел Бернадески шутира но топката завршува покрај десната статива, во 59. минута шутот на Думфрис го одбрани голманот на Јувентус.
Во регуларниот дел Интер имаше повеќе удари на гол од противникот.
Се отиде во продолженија, а таму мрежите мируваа се до 120 минута, поточно пред судијата да означи крај. Алексис Санчез ја испрати топката во мрежата за голема победа на Интер и шести трофеј од Суперкупот односно прв после 2010 година.
La Supercoppa Italiana 21/22 è nostra. #IMWinner #SupercoppaFrecciarossa pic.twitter.com/vCpGshs7nO
— Inter 🏆🇮🇹 (@Inter) January 12, 2022