Корона во Словенија пред дуелот со Македонија

684

Словенија на ден пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка пријави еден ракометар позитивен на Ковид-19. Станува збор за голманот, Аљаж Пањтар, кој бил позитивен на тестовите кои оваа репрезентација ги направи во Дебрецен.

Голманот на Словенија оди во изолација пет дена, дури потоа со два негативни теста ќе може да и се приклучи на својата репрезентација.

Добра вест за селекторот, Љубомир Врањеш е што од изолација излезе Урбан Лесјак, кој исто така беше позитивен на Ковид-19.

И нашиот национален тим има проблеми со коронавирус, добро е познато дека Митревски, Кизиќ, Младеновиќ и Ојлески останаа во Скопје. Лазаров повика двајца голмани, Трајковски и Чаневски.

Дуелот меѓу Македонија и Словенија се игра утре со почеток во 18 часот. Пред оваа средба ќе следат нови тестирања, па дури потоа ќе бидат познати составите на двата тима.

ПретходноШкендија “летна“ за Анталија, се чека потписот на албанскиот репрезентативец Одисе Роши!
СледноСлавче Војнески е нов тренер на Пахтакор