Милан Лазаревски и официјално е промовиран за нов член на Тримо Требње. Екс-ракометарот на Металург со тимот од Словенија потпиша договор до крајот на сезоната.
„Исклучително сум задоволен што доаѓам во толку голем клуб како што е Тримо Требње. Овде се развива сериозен и амбициозен проект. Бев добро примен од моите соиграчи и стручниот штаб, па се чувствувам одлично. Им благодарам за можноста“, изјави 24-годишниот ракометар.